Ви здодеа секое
лето да одите на одмор на море? Да планирате каде, како и со кого? Да трошите
многу пари, а при тоа, за кратко време да ви избледат летните спомени?
Одговоривте позитивно?
Тогаш, поминете
го ова лето со нас во нашиот нинџа камп. Ние ви гарантираме дека нема никогаш
да го заборавите.
Сместен во
идеално чиста и еколошка средина, 25 километри до најблискиот град, во
подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река.
-во нашиот камп
се спие под отворено небо, во шатори,
-два тренинга
дневно, истражувачки експедиции, ноќни нинџа акции, самурајски битки,
-здрава храна,
три оброка и многу ужинки, домашно приготвена храна на традиционален начин, од
домашни и локални продукти директно од бавча, на тони овошје и зеленчук и по
некоја чашка вино од подрумот (ние мразиме фаст и џанк фуд),
-логорски оган,
кревање знаме, гитара, песна, туш под ведро небо, капење во река, ѕвезди во
ноќта, смешки и глума, чучавец „за по надвор“.
Доволно е? Ве
заинтересиравме?
Проверете зошто
Буџинкан Македонија е лидер за семинари во природа и преживување.
Сакате да
понесете некого со вас? Некој што сака да се одмори и да не вежба?
Нема проблем.
Нека игра шах :) (може и карти, а богами да чита и книга)
Девет дена-осум
ноќевања за 160 евра (* се вклучено)
* (превоз од
Скопје и назад + спиење + исхрана + тренинг + незаборавно дружење)
Сте имале
поефтин и повозбудлив одмор? Не ви веруваме!
- поаѓање од
Скопје на 04.08.2010 во 09.00 часот (пристигнување во 10.00)
- враќање за
Скопје на 12.08.2010 во 18.00 часот (пристигнување во 19.00)
Располагаме со
строго ограничени капацитети. Работиме на принцип „Прв се пријавил - прв
обезбедил“ или па нашки „Кој превари - тој товари“
Пријавете се на
време.или ќе морате да одите и да се печете на некоја морска сончева
плажа.
Лето 2010 –
Навежбај се како човек!
Буџинкан
Македонија работи и во август.
Нови содржини за оваа година: еден
тренинг дневно Оно Ха Итто Рју Кенџутсу (Такеда Ден), Шинден Фудо Рју (сите три
нивоа-комплет) и кагинава (качување со јаже со кука) + нови реквизити.
е-маил:
daito_macedonia@yahoo.com
е-маил:
bujinkan_macedonia@yahoo.com
тел: 00389
(0)77 976 906 (од 09.00 до 15.00)